Нашето сметководствено биро успешно постои и работи на пазарот веќе 32 години, со своите почетоци уште од 1993 година. Во текот на овие три децении, изградивме доверба и партнерства со голем број компании и индивидуални клиенти, благодарение на нашата посветеност, професионализам и квалитет на услугите што ги нудиме.
Од самиот почеток, нашата мисија е да им обезбедиме на клиентите сигурна, точна и навремена сметководствена и финансиска поддршка, со цел тие да можат да се фокусираат на развојот на својот бизнис. Со долгогодишното искуство и постојано следење на законските прописи и современите практики, нудиме комплетни и прилагодени решенија според потребите на секој клиент.
Денес, гордо стоиме како симбол на доверба, континуитет и стабилност во сметководствениот сектор, со визија и понатаму да бидеме сигурен партнер во вашето деловно патување.
Како мал бизнис, секогаш ми беше предизвик да водам точна и навремена евиденција за финансии. Тимот на БИНОМ ДООЕЛ се грижи за НАС од самиот почеток , тимот е секогаш достапен за поддршка. Благодарение на нив, сега ги следам приходите и трошоците во реално време, поднесувам ДДВ навреме и имам поголема контрола врз мојот бизнис.
МЕТАЛБО ИНЖИНЕРИНГ
-А.Б. управителНашето искуство со Бином ДООЕЛ Скопје е исклучително позитивно, благодарение на нивната доследност во навремено и квалитетно извршување на обврските, почитување на законските норми, стручноста во сметководството и проактивната поддршка при решавање на сите деловни предизвици.
Фреон Инженеринг
Друштво за производство, трговија и услугиКако сопственик на Нутри Ем ДООЕЛ, со голема благодарност го истакнувам моето целосно задоволство од соработката со БИНОМ ДООЕЛ Скопје. Нивната професионалност, стручност и посветеност значително придонесоа за стабилноста и растот на нашето работење. Со сигурност ги препорачувам на сите што бараат доверлив и квалитетен сметководствен партнер.
Нутри Ем
Емилија Спасовска МојсовскаПодготовката вклучува изработка на биланс на состојба, биланс на успех, извештај за парични текови и сите задолжителни прилози за надлежните институции.